strumica denes logo

(ВИДЕО) ПРОЕКТ НА МЛАДИОТ СТРУМИЧАНЕЦ ФИЛИП РИЧЛЧЕВ: ДА УЖИВАМЕ ВО КОНЦЕРТОТ ИСПОЛНЕТ СО МАКЕДОНСКИ ИНСТРУМЕНТИ И ПЕСНИ!

Автор:

Датум:

април 4, 2018

Категории:

Магазин

Автор:

Датум:

април 4, 2018

Категории:

Магазин

На 21 април со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“-Струмица ќе се одржи концерт насловен „Абер ми дојде“. Проектот е на младиот струмичанец Филип Ричлиев. Во концертот ќе земат учество млади уметници, вљубеници во Македонската фолклорна традиција. Овие млади уметници ќе ви пренесат еден дел од нашата богата фолклорна традиција.

Присутните ќе можат да уживаат во звукот на традиционалните Македонски инструменти и песни, да ја почувствуваат тежината на нашите традиционални ора и да увидат дека постојат млади уметници кои што ја негуваат својата традиција.
На Концертот учество ќе земат ученици од ДМУЦ “Сергеј Михајлов” од Штип и ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”(Насока за традиционална музика и игра).Билетите се бесплатни и може да се резервираат на бројот: 078/262-368

АВТОР НА ПРОЕКТОТ:
Филип Ричлиев
КОРЕОГРАФ:
Антонио Стојчески
АСИСТЕНТ КОРЕОГРАФ:
Никола Арнаудов
МУЗИЧКИ АСИСТЕНТ:
Иван Станковски

Соработници:
Бу Кафе
Месарница Ронибет
Мебло Плус

Уметнички Соработници:
Академија Еуроарт
Ансамбл Студио Фолклор

https://www.facebook.com/FilipoRich/videos/10212194782487083/?t=8