Заврши реконструкцијата на патниот правец Струмица-Валандово

мај 14, 2018

Сообраќајот на делницата помеѓу Струмица и Валандово во иднина ќе се одвива многу полесно.  Јавното претпријатие за државни патишта целосно ја заврши рехабилитацијата на спорните ленти на Валандовско брдо кое претставува и еден од најкритичните  и најфрекфентни делови  од регионалниот пат што ги поврзува Струмица и Валандово.  Проширувањето е во  должина од 1156 метри со широчина  од три метри. Инвестиција е  11, 4 милиони денари обезбедена  од сопствениот буџет на претпријатието.   Од јавното претпријатие велат дека  со  рехабилитацијата на овие делови се добива еден вид трета лента пред се за товарните возила, но  и поголема безбедност во сообраќајот. Истовремено веќе се размислува и ново сообраќајно решение.

,, Веќе Валандовско брдо ќе има како  испомош за товарниот сообраќај дополнителни ленти по кои ќе може да отстапуваат пат тешките возила и тие побавните за  другите да може да поминат  бидејќи знаете колку е тешко да се оди во колона по тој пат. Тој е веќе премногу оптеретен исто така и делницата од Костурино кон Струмица е навистина прмногу оптеретена и ние во јавното претпријатие за државни патишта, во министерството за транспорт и врски и во владата размислуваме како да излеземе на крај со тоа. Значи веќе е даден така да кажам во проектна програма, влезено е проектирање на еден вид ново валандовско брдо каде што овој постоечкиот пат,  сегашниот ќе биде само за спуштање, а друг ќе се граи за качување.,, вели Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта

Освен на Валандовско брдо,  од јавното претпријатие за државни патишта  ново сообраќајнио решение најавуваат и за дел  од магистралниот кој води кон границата со Бугарија, односно делот што  ги поврзува Струмица и селото Дабиле. Мерењата покажале дека овој дел  од патот во одредени денови е повеќе оптеретен и од патот Скопје – Тетово.  За надминување на проблемот се подготвува нов проект  кој предвидува делницата  од околу три километри да биде со два кружни тека и четири ленти.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: