Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Брегалница“

јуни 1, 2018

На улицата „Брегалница“ во Струмица започна реконструкцијата на водоводната мрежа. Постоечката главна линија и приклучните ќе бидат комплетно заменети со нови во должина од 500 метри. Изведувач на работите е јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, а финансиските средства во висина од 1.100.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ