Заев: Луѓе со 15.000 денари плата донираа за соборниот храм во Струмица

мај 21, 2018

Денеска беше донесена ослободителна пресуда за случајот „Поктуп“, во кој беше инволвиран премиерот Зоран Заев. Во разговор со новинарите, тој порача дека се што имал градено во Струмица, каде беше и градоначалник, се е транспарентно.

„Јас ја водев кампањата за изградба на тој Соборен храм во Струмица. Апелирав, бизнисмените да бидат пример. Имаше луѓе кои земаат плата 15.000 денари и донира и направија голема работа за изградба на тој соборен храм. Јас се надевам дека цело тоа е транспарентно и со оваа ослободителна пресуда, сите сомневања се затворени“, истакна Заев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: