(ВИДЕО) НОВО:СВР Струмица поднесе кривична пријава за оштетување на апарати во казино

мај 24, 2018

Двајца жители на Василево на возраст од 49 и 34 години се осомничени за оштетување апарати во казино.

Против нив струмичката полиција поднесе кривични пријави за оштетување туѓи предмети и помагање. Како што соопштија од полицијата,  на 22 овој месец кај нив било пријавено дека 49- годишниот А.В. извршил оштетување на осум слот машини и еден рулет во казино во Струмица, ЛЦД телевизор, еден монитор и заштитното стакло од просторот на касата со што направил материјална штета од 1. 500 000 денари.

Оштетувањето го направил со метален копач кој во казиното го внел второпријавениот.

49 годишниот А.В. е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица по што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ