Ване Костуранов: Сигурноста и комфорот никого не направиле добар уметник

април 25, 2018

Сликовницата „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов, издание на „Арс Ламина – публикации“, по скопската промоција одржана на 18 април во книжарницата „Литература.мк“, на 27 април ќе биде промовирана и во родниот град на авторот – Струмица. Сликовницата „Ѕвездено дете“ е нежна, ѕвездена приказна за желбите, стравовите, осаменоста и љубовта.

 Одамна е познато дека поетите и писателите сакаат да го задржат „детето во себе“ до крајот на животот за нивното творештво секогаш да биде искрено, отворено, љубопитно. Тоа неспорно, му успева на струмичкиот сликар, графички дизајнер и, од неодамна, писател на книга за деца – Ване Костуранов.

Ване Костуранов (1979, Струмица) е ликовен уметник и графички дизајнер. Иако е самоук сликар, досега има одржано 11 самостојни, а учествувано во повеќе групни изложби во изминатите 15-тина години. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Препознатлив е по неговите разнобојни куќи претставени на различни начини, кои се и најчестиот мотив што се провлекува низ неговото творештво. „Ѕвездено дете“ е негова прва сликовница и е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Целосното интервју може да го погледнете на следниот ЛИНК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ