Управата за хидрометеоролошки работи за попладне во северните и источните делови од државата најавува ретка појава на локален дожд и грмежи со услови за појава на град.
До петок времето ќе биде сончево и топло, а веќе за викендот се очекуваат пороен дожд и грмежи. Локално можни се поинтензивни процеси особено во сабота. Температурите ќе бидат во опаѓање.