strumica denes logo

Учениците од прво одделение од „Видое Подгорец“ и „Маршал Тито“ заедно садеа цвеќиња во градскиот парк

Автор:

Датум:

април 13, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 13, 2018

Категории:

Култура

Учениците од прво-б одделение од основното општинско училиште „Видое Подгорец“ заедно со ученици од прво одделение од турската паралелка од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, а под менторство на наставниците Васка Тасева – Митева и Мејдин Усинов, денеска, успешно реализираа заедничка активност во големиот градски парк. Во соработка со јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, учениците преку заеднички игри и песни им помагаа на вработените во садењето цвеќиња во паркот. Оваа заедничка активност беше реализирана во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, а координатор на истата беше наставничката Мимоза Јовановска.