strumica denes logo

СОУ „Јане Сандански“ одржа музичко-сценски перформанс за паметење!

Автор:

Датум:

април 24, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 24, 2018

Категории:

Култура

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното општинско училиште „Јане Сандански“ на големата сцена во центарот за култура „Антон Панов“, синоќа беше изведен музичко – сценски перформанс „Биди гимназијалец, биди економист“. Меѓу присутните кои уживаа во овој несекојдневен настан, беа и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица. Дваесет и двајца професори и шеесетина ученици преку музика, песна и сценска игра се навратија на минатото, ги оживеаа спомените и се радуваа на сегашноста, но и на светлата иднина на идните гимназијалци и економисти. Мјузиклот беше поврзан со сите наставни предмети и активности во училиштето од минатото до денес.