Под влијание на циклонска активност следува период на доста променливо време со чести врнежи од дожд и снег. Поинтензивни врнежи од дожд како и снег на повисоките места и на планините ќе има во текот на ноќта како и утре претпладне кога услови за дожд и снег или влажен снег ќе има и на некои пониски места особено на север и запад од државава.
Oва ќе услови значително зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините додека понекаде на пониските места има услови за формирање на тенка снежна покривка.
Потоа во понеделник ќе имаме послаби врнежи од дожд и снег.
Поинтензивни врнежи претежно од снег ќе имаме во вторник кога во поголем дел од државава ќе се формира снежна покривка а ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец и истиот значително ќе ги спушти температурите на воздухот па така веќе во вторник максимумот на температурата ќе се изначува во интервалот од -3 до 5.