strumica denes logo

РЕАКЦИЈА НА СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ: АХВ го затвори стационарот за кучиња – Хаос во институциите на Костадинов!

Автор:

Датум:

мај 8, 2025

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

мај 8, 2025

Категории:

Култура

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Струмица. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Уште една институција со која Костадин Костадинов се фалеше пред граѓаните, се распадна! По бројни реакции од граѓани на социјалните мрежи за нехумани услови и несоодветен третман на животни, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) привремено го затвори Струмичкиот стационар за кучиња.

Овој стационар, кој требаше да биде пример за хуман однос и грижа за бездомните животни, стана симбол на негрижа, хаос и злоупотреба. Но, наместо да слуша, Костадинов повторно се пресметуваше со критичарите, како што се пресметуваше со наставниците, така поднесуваше и кривични пријави против активисти за заштита на животните.

Секој што не се согласува со неговите потези, станува мета!

Денес, нема институција во Струмица што функционира добро. Сè се распаѓа, сè се уништува. Градот е жртва на неспособноста, ароганцијата и личните интереси на една власт која одамна ја изгуби врската со народот. Како што се ближи крајот, сите се фокусирани на грабење и растурање, оставајќи зад себе пустош.

Струмица заслужува подобро. Струмица заслужува нова надеж и раководство што навистина ќе работи за нејзините граѓани.