Прва републичка награда за оркестарот на ООУ,,Никола Вапцаров“, Струмица

мај 14, 2018

По освоеното прво место на општинскиот натпревар во оркестар, на 26.04.2018 година и напорната работа на 26 учесници- ученици на ООУ,,Никола Вапцаров“, Струмица и нивниот ментор Милена Ристовска, на 13.05.2018, во недела, се одржа и републичкиот натпревар во оркестар, во Центарот за култура во Валандово. На истиот учество зедоа 17 училишта од цела Македонија.

Оркестарот од ООУ,,Никола Вапцаров“ под менторство на наставничката по музичко образование, Милена Ристовска настапи со задолжителната композиција ,,Аморови бранови“ и композицијата по избор на менторот ,,Во наше село“ и ја освои првата награда со освоени 95 поени, максимално добиени во категоријата мешан оркестар.

Наставничката Милена Ристовска со своите ученици од VI до IX одделение, секоја година освојува први места и високи признанија во областа на оркестарот и музиката, воопшто, а оваа награда е врвот на постигнувањата за оваа учебна година.

Честитки за сите учесници на оркестарот на ООУ,,Никола Вапцаров“,Струмица и за нивниот ментор Милена Ристовска и нека продолжат да ја шират љубовта низ звуците на музиката.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ