strumica denes logo

Промоција на „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов во Струмица

Автор:

Датум:

април 24, 2018

Категории:

Култура, Настан

Автор:

Датум:

април 24, 2018

Категории:

Култура, Настан

Промоцијата на книгата „Ѕвездено дете“ и дружењето со авторот и илустратор Ване Костуранов продолжува во Струмица, на 27 април 2018 год., со почеток во 19 часот во „Галерија Музеј Струмица“!

Краток опис на книгата:

Ѕвездан е дете кое живее меѓу ѕвездите. А кога живееш меѓу ѕвездите, животот ти е исполнет со нив.

Ѕвездан е вистински мајстор за ѕвезди: ги поправа кога ќе престанат да светат, пловејќи меѓу нив со своето бротче. Исплашен од помислата некоја ѕвезда да не падне, Ѕвездан доаѓа до едно големо откритие… што понатаму ќе го одведе до нешто сосема, сосема неочекувано…

„Ѕвездено дете“ е нежна, ѕвездена приказна за желбите, стравовите, осаменоста и љубовта.