Премиерот Заев Велигден го помина во родната Струмица!

април 8, 2018

,,Нека е за многаја лета големиот празник, порачавме синоќа со граѓаните на Струмица во црквата Св. Григориј Палама и Димитриј.

Христос Воскресна – Навистина Воскресна!

 Да се слави животот над смртта, да ја славиме и вербата во Бога, кој стана пример како љубовта ја надвладеја омразата.

Овие денови си повторуваме дека најголем пријател на верата и на луѓето можат да бидат токму умереноста, почитта кон другиот и одговорноста. Тие човечки вредности можат со сигурност да ги ослободат, да ги зајакнат, да ги осилат душата и духот.

Честит Велигден!“-порака на Фб профилот на Премиер на РМ, Зоран Заев

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ