strumica denes logo

Општина Струмица успешно премина кон стандардите ISO 9001-2015 Систем за квалитет и 14001-2015 Систем за управување со животната средина

Автор:

Датум:

јули 10, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 10, 2018

Категории:

Култура

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Општина Струмица успешно премина кон новите верзии на стандардите, Систем за управување со квалитет согласно со барањата на стандардот ИСО 9001:2015 и Систем за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2015, ова е заклучокот од извештајот од редовната ресертификациона проверка за примена на ИСО стандардите која беше спроведена минатата недела.

„Од страна на тимот на проверувачи на словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ, се контролираше примената и нивната подготвеност за премин кон новите стандарди во сите организациони единици на општина Струмица, при што вработените во општинската администрација, покажаа висок степен на професионалност и посветеност на работата. Констатирани се позитивни параметри во однос на владеењето со Системот за управување со квалитет и Системот за управување со животната средина, конзистентност и зголемување на обемот на работење, добро владеење со документацијата, реализација на стратешките цели на општината и тенденција за постојано подобрување“, изјави Томислав Андреев координатор на тимот на раководството на општина Струмица.

Инаку, Струмица е прва општина во Република Македонија која во 2007 година го воведе стандардот за квалитет ИСО 9001:2008 и 11 години успешно го спроведува стандардот ИСО 14001:2004 за управување со околината.