ГОЛЕМА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ПЛАЖИ КОИ СТАНУВААТ СЕ ПОГОЛЕМА АТРАКЦИЈА!

март 8, 2019

Сакате да имате вистинско незаборавно летно искуство? Не постои подобар начин да го поминете летниот период на една од главните туристички дестинации на море во Бугарија. Последните неколку години бугарските туристички центри стануваат атрактивни за работа на голем број македонци. Близината, сличниот менталитет, ниските трошоци, немањето на јазична бариера се едни од главните услови кои што привлекуваат голем број на млади луѓе од Македонија да заминат и да работат на некој од бугарските туристички места.

Од досегашното искуство на оние што досега имаат работено во Бугарија, е дека за оние со работно искуство само летната сезона заработуваат колку да што можат да заработат во Македонија за цела година.

Најплатени се куварите за кој платите се движат од 700 до 1400 евра. Додека келнерите и шанкерите се платени најчесто на процент на дневен промен, но кога се земе во предвид големиот бакшиж, искусните работници заработуваат од 1000 до 2000 евра на месец чисти, со тоа што сместувањето и храната се обезбедени од страна на работодавецот.

Се наоѓа работа и за мотивирани луѓе кои немаат работно искуство. За нив платите се движат околу 450-550 евра на месец , но кога се земе во предвид дека најчесто работата е на плажа и немаат никакви дополнителни трошоци, самата понуда стнува доста атрактивна. Работни позиции кои најчесто се бараат се: кувари, помошници во кујна, келнери, шанкери, спасувачи на плажа и базент, рецепционисти, собарки и др.

„Слободно можам да кажам дека Бугарија станува многу интересна дестинација за сезонска работа за македонците. Преку нашата агенција од Македонија досега имаат заминато неколку стотини работници во Бугарија, најмногу но море, но и на зимските туристички места како што е Банско. Тоа што Македонија нема силно развиен туризам и големата невработеност на млади лица до 35 години ја отвара можноста за работа во соседните земји како што се Бугарија, Грција и Хрватска. Работата на плажа е интересна и забавна, а и добро се заработува“, вели Марин Демировски основач на агенцијата „Номад Партнерс “ од Софија која што има најголемо искуство со вработувањето на македонски кадри во Бугарија.

Марин Демировски

 

Илија Милачов од Кавадари е пица мајстор со 5 годишно работно искуство. „Минатото лето преку „Номад Партнерс “ работев во ресторан во Несебар, во моментот сум ангажиран во најдобриот локал Ginger Bar & Grill во Банско. Првата сезона во Несебар и овде во Банско платата ми е околу 850 – 900 евра на месец, работам по 3 месеци, но веќе за следната летна сезона преку истата агенција имам склучено договор за работа на 5 месеци за плата од 1200 евра. Во Македонија како пица мајстор не земав ни една третина од сегашната пата. Со тоа што овде ми се чисти примањата, немам никакви дополнителни трошоци за храна и сместување, тие се обезбеени од работодателот“, вели Илија.

Илија Милачов

Обезбедено сместување и храна
Ако аплицирате за работа во Бугарија нема потреба да се грижите за сместување и храна. Работните позиции кои се нудат вклучуваат обезбедено сместување и храна за сите понудени работни места. За секој кандидат, агенцијата превзема одговорност за организирање на превоз до работното место.

Подготовка на документи и одобрување за работа
Нема потреба да се занимавате со бирократските процедури. Административниот тим ја презема одговорност за целокупната документација и кореспонденција со државните институции и работодавецот. Агенцијата обезбедува одобрување за сезонска работа со македонски пасош до 3 месеци е полесната процедура, доколку има можност и за работа до 9 месеци, но е потребно да се извади бугарска виза. Сезонската работа преку агенцијата Номад Партнерс е легална со платени придонеси за пензиско осигурување.

Повеќе информации за понудите за летна работа во Бугарија може да добиете на нивната facebook страна.
https://www.facebook.com/nomadsummerjobs/

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ