Во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ синоќа на свечена церемонија им беа доделени дипломите за завршено образование на матурантите од средното општинско училиште „Јане Сандански. Како поддржувачи на младите и нивното образование, на свеченоста присуствуваа и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица.