strumica denes logo

НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА РАСПИШАН ОД „ТРАНЗЕН“, ИВАН КАРАТАНОВ ЈА ДОБИ ПРВАТА НАГРАДА

Автор:

Датум:

март 20, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

март 20, 2018

Категории:

Култура

На конкурсот кој го распиша Здружението за Култура Транзен за најдобра фотографија, во рамките на проектот – Природно културни убавини на општина Босилово, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на програмата за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, доделени се три награди.

Првата награда за најдобра фотографија ја доби фотографијата на Иван Каратанов Ivan Karos Karatanov (во износ од 18 000 ден.)

Втората награда ја доби Даниела Дончева Daniela Doncheva (во износ од 12 000 ден.)

Третата награда ја доби Пепи Ашиков Пепи Ашиков (во износ од 6000 ден.)

На конкурсот се пријавија шеснаесет фотографи.
Селекцијата и жирирањето на фотографиите е на фотографот Столе Ангелов.
Од пристигнатите, селектирани фотографии ќе биде изработен каталог, а фотографиите ќе бидат претставени на изложба.

Во прилог, првонаградената фотографија на фотографот Иван Каратанов – Мотив од моноспитското блато во зима.