На конкурсот кој го распиша Здружението за Култура Транзен за најдобра фотографија, во рамките на проектот – Природно културни убавини на општина Босилово, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на програмата за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, доделени се три награди.
Првата награда за најдобра фотографија ја доби фотографијата на Иван Каратанов Ivan Karos Karatanov (во износ од 18 000 ден.)
Втората награда ја доби Даниела Дончева Daniela Doncheva (во износ од 12 000 ден.)
Третата награда ја доби Пепи Ашиков Пепи Ашиков (во износ од 6000 ден.)
На конкурсот се пријавија шеснаесет фотографи.
Селекцијата и жирирањето на фотографиите е на фотографот Столе Ангелов.
Од пристигнатите, селектирани фотографии ќе биде изработен каталог, а фотографиите ќе бидат претставени на изложба.
Во прилог, првонаградената фотографија на фотографот Иван Каратанов – Мотив од моноспитското блато во зима.