Perdormire
Култура

„Комуналец“ го чисти поројот Крушевска Република

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со генерално чистење на поројот „Крушевска Република“. Чистењето започна од долниот дел на поројот, а се врши рачно и со механизација. Се чисти тревата, наносите и разновидниот отпад кој што е собран во него. Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните, посебно тие што живеат околу него, да престанат да создаваат депонија од поројот и наместо својот отпад да го фрлаат во него да се јават во претпријатието на телефонскиот број 034 325 909 и истиот ќе биде подигнат од нивните домови.