strumica denes logo

(ИНТЕРВЈУ) Талентираната Тијана Баџукова од Ново Село има 18 години и веќе ја подготвува првата самостојна изложба!

Автор:

Датум:

јули 3, 2019

Категории:

Култура, Магазин

Автор:

Датум:

јули 3, 2019

Категории:

Култура, Магазин

Тијана Баџукова има само 18 години и поседува талент на кој многумина можат да позавидат. Младата сликарка е родум од Ново Село и во моментот ја подготвува својата прва самостојна ликовна изложба.

 

Баџукова досега е била дел од голем број ликовни колонии и добитник е на неколку награди и признанија. За себе вели дел е голем љубител на апстрактноста и светлите бои, па очекувано, тие се доминантните на нејзините платна.

  • Тијана, колку години веќе активно го негуваш твојот талент за цртање и дали некој ти помага во усовршувањето?

Со сликарство се занимавам веќе неколку години, имав околу 12 години кога започнав со работа во ликовното студио во Ново Село, под менторство на Звонко Тилев, кој е доста заслужен за мојот успех денес.

  • Што претежно црташ и каде ја пронаоѓаш инспирацијата?

Сликам се што ме привлекува,претежно пејсажи,ретко работам и портрети,а пред се’ најголемо внимание им посветувам на апстракните слики. Инспирацијата ја пронаоѓам секој ден и секоја ноќ. Секое годишно време,секоја временска појава е инспирација. Сите доживувања во животот,спомени и желби се исто така инспирација. Инспирација е секоја способност од најтемната моќ да создадеш виножито,но само еден глас и еден лик за тоа се инспирација. Јас се одбрав самата себе.

  • Дали планираш да продолжиш да го надоградуваш твојот талент на Факултет за ликовна уметност?

Својот понатамошен успех планирам да го продолжам на Ликовната академија во Штип, каде имам доста познаници,пријатели од колонии и изложби.

  • Веќе си била дел од голем број ликовни изложби, а во тек се подготовките и за твојата прва, самостојна изложба. Што да очекуваат струмичани? Кои мотиви се претежно застапени и која е главната идеја?

Да,имам учествувано во неколку ликовни изложби и колонии од кои се имам здобиено со дипломи и награди. Во претстојниот период ќе имам своја прва самостојна изложба со која би сакала да се докажам уште повеќе. Мотивите се речиси повеќето апстракции,во кои е опишано секојдневието,фигури од луѓе,излив на чувства и  состојби.

  • Дали имаш свои идоли од областа на сликарството, чиј пример понатаму би го применувала?

Идол од областа на уметноста на прво место би го ставила Jack Pollock,ги величам неговите апстракции,воедно се мој тип и претежно успевам да се пронајдам во истите.