bandr
Култура

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВЕЛИГДЕНСКАТА БОГОСЛУЖБА ВО БРИСЕЛ ЈА ВОДЕШЕ БОРО МИЛЧЕВ ОД СТРУМИЧКАТА ЕПАРХИЈА!

Големиот христијански празник Велигден  свечено беше одбележан и во Брисел,  Белгија.  На свечената велигденска  богослужба што ја водеше протоереј Боро Милчев од Струмичката епархија присуствуваа голем број македонски верници кои живеат и работат не само во Брисел туку и во другите делови на Белгија. На службата и објавувањето на веста за Христовото воскресение присуствуваа и повеќе  претставници од дипломатските претставништва на Македонија во Брисел. Меѓу другото во својата Велигденска беседа протоереј Боро Милчев порача дека македонците во овие судбоносни денови , особено нашинците ширум светот треба да бидат заедно и сплотени како никогаш досега  и со голема љубов да ја  негуваат и чуваат  својата вера.