(ФОТОГАЛЕРИЈА) НОВО ВО СТРУМИЦА: SWISSCONCEPT – СТРУМИЧАНИ ДОБИЈАА НОВА КОМПАНИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПРОЕКТИРАЊЕ НА КАНЦЕЛАРИСКИ МЕБЕЛ!

септември 19, 2018

Неодамна компанијата SwissConcept го отвори своето седиште во Струмица.На отварањето присуствуваа многу гости од цела Македонија, кои им посакаа многу успех на сопствениците во иднина. SwissConcept се наоѓа на улица „ЛЕНИНОВА 75“ или на местото на поранешна „ХАЛКБАНК“.

SwissConcept е компанија чија основна дејност е обезбедување и проектирање на секаков тип на канцелариски мебел за деловни простории, хотели, ресторани, болници, аеродроми, кафе барови и училишта. ОФИЦИЈАЛЕН партнер на една од најголемите фирми во Европа со врвен квалитет која работи по најнова технологија со европски сертификати и гаранција. Swissconcept и Actiu соработуваа со години заедно и во Швајцарија, а сега со долгогодишното искуство сакаат да го пренесат и овде во Македонија. Ги имаат суштинските начела за успех на пазарот и овде, а тие се : квалитет на прво место пред квантитет, издржливост,гаранција,префинет и модерен дизајн, долгогодишно искуство и секако добра цена.

Swissmakconcept има дизајниран салон за канцелариски мебел во Македонија од 250м2, лоциран на улица Ленинова бр.75 во Струмица во непосредна близина на самиот центар. Мебелот и столиците кои ги претставуваат и се дистрибуираат низ целиот свет се дизајнирани од најпознати дизајнери во Европа. Производи кои пред да се пуштат во производство подлежат на долги рокови на тестирање, ревизија од инжинери од повеќе области со цел усоврашување и на крај одобрение за пазарно производство.

„Во животот доста сум прошетал и видел како функционираат фирми и доколку на работниците им се оозможи таква атмосфера и удобен мебел тие ке бидат помотивирани за работа. Имам забележано дека многу работници работат на обични и неудобни столови и работни маси, плакари и сл. Нема никаква логика да бараме од некој да работи продуктивно и да придонесува кога не сме му ги овозможиле минималните и нормалните услови. Убеден сум дека ако на секој вработен му се даде повеќе внимание и почит со ерономичен канцелариски стол, самото тоа ќе придонесе повеќе креативност, посветеност и мотивација. За мене лично мојата биткА е да го РЕВОЛУЦИОНИРАМ овој сектор и сум сто посто убеден дека со минимални квалитетни услови ќе се задоволат потребите на многу вработени и фирми, а тоа води кон задоволство на двете страни, кај вработените и кај работодавачите. Вработените се чувствуваат комфорно на работните места а со тоа придонесуваат да се зголеми профитот на работодавачите. Еве мое лично и шокантно искуство: во посета на една од нашите банки имаше катастрофална организација на работното место во делот на документацијата. Хаосот на работната површина и несоодветно структурираните документи ја загрозуваат приватноста на клиентите и имиџот на банката, а сето тоа е поради несоодветно опремените канцеларии и обезбеден мебел“ – изјави сопственикот на компанијата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ