(ФОТО) ПРВО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ОРАТОРСТВО ЗА СТРУМИЧАНКАТА ЕЛЕНА ОРЦЕВА

мај 11, 2018

“Студентска порака до Европската Унија“ тема која во мене пробуди инспирација и желба за уште едно учество на настанот организиран по повод 9 Мај денот на Европа. Силната желба и мотивираност вродија плод. Синоќа официјално ми беше доделено 1вото место на ораторскиот натпревар кој се одржа на 9 Мај во Скопје, денот кога студентите пуштија јасни и конструктивни пораки кои ни зададоа уште поголеми цели кон нови успеси.

Ми беше огромна чест и задоволство да бидам дел од овој настан. Благодарност до мојот факултет Универзитет Гоце Делчев Штип кои континуирано ме поддржуваат, професорите Елена Максимова и Димитар Апасиев, Европското движење во Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија во Р.Македонија, Дипломатските претставништва и Фондацијата Конрад Аденауер кои континуирано се грижат за студентите и го потенцираат нивното општествено делување во Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: