(ФОТО) ЛАЗАР ПАНДЕВ ОД СТРУМИЦА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА!

март 23, 2018

Лазар Пандев од Струмица кој има 23 години и е  Димпломиран графички дизајнер на уневерзитетот ФОН во Скопје, веќе скоро 4 години има прогресивно искуство во сферата на графичкиот дизајн. Прави се што спаѓа од корпоративниот идентитет, почнувајки од логоа, флаери, постери, брошури, каталози, визит карти и така натаму.

„Одсекогаш сум ја имал страста за визуелната естетика, па знаев уште од рани години дека тоа сакам да го учам и работам“-вели Лазар во изјава за нашиот портал.

„Работејќи на еден проект  случајно ми искрсна идејата со зборот чушка и се запрашав зошто да не си поставам дизајн предизвик од 365 македонски зборови користејќи  македонска типографија и имплементирајки чистина,  едноставност и минимализам во дизајните. Предизвикот #365 Challenge не е само  во сверата на графичкиот дизајн, распространет е  насекаде, во сите гранки на уметноста. И затоа мислам дека досега никој го нема направено тоа со игра на македонски зборови“– вели Пандев.

Лазар Пандев има доста голема поддршка од луѓето од доста познатата фејсбук група за креативци во Македонија. Во моментот работи како фриленсер и е во потрага за уште стални клиенти.

 

Останата негова работа можете да ја видите на најголемиот вебсајт за портфолио Бихенс (Behance).

https://www.behance.net/l_pandev2797

ИНСТАГРАМ: https://www.instagram.com/lpdesign___/

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ