strumica denes logo

ФОТО: Гоцевиот печат зачуван во Струмица!

Автор:

Датум:

февруари 25, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

февруари 25, 2019

Категории:

Култура

Во Струмица во семејството со потекло од Кукуш сочуван е печат за обреден христијански леб од 19 век. Со ваков печат за леб добиен од црквата Свети Ѓорги над тогашен Кукуш, Султана Делчева го подготвувала лебот за сите поважни празници во семејството и сите молитви до Господ да се сочува нејзиното семејство.

Со сопругот Никола имале пет ќерки и четири сина.Руша, Цоца, Гоце, Тина, Велика, Димитар, Милан и Христо. Во националноослободителните борби за Македонија Султана која на 4-ти Февруари го родила најголемиот син на Македонскиот народ Гоце Делчев, изгубила три сина Гоце, Димитар и Милан.

Починала во 1907 година, а нејзиниот сопруг ја доживеал несреќата во 1913-та година да биде дел од прогонот на својот народ од родниот дом.

Печатот за лебот со кој се хранеле и воспитувале синови на македонскиот народ како доказ за својата верност кон Бога и кон слободата струмичани го сочувале до денешен ден.