ЕКСКЛУЗИВНО: Слаткаристика, Next Time, Графа и САФ саунд систем на СОФ 2018!

јуни 5, 2018

Второто издание на македонско-бугарската турнеја One Love и годинава ќе има свое гостување во Струмица. Манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал во својата програма ќе ја има турнејата која споделува една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. „One Love Tour е специјален проект кој гради мостови меѓу културата и уметноста на Македонија и Бугарија. Турнејата со најактуелните артисти од двете земји ќе се одржи и во Скопје, Кавадарци, Софија, Русе, Варна, Банско и Стара Загора. Струмица ќе биде домаќин по втор пат, на 11 август на Чешмичката во Градскиот парк“. Ѕвездите кои ќе имаат свои мини-концерти се: Next Time, Слаткаристика, Графа, САФ Sound system, Јојо ѕвездички. Организаторот најавува уште една голема бугарска ѕвезда како дополнување на програмата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ