strumica denes logo

Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“-Скопје учествува во создавање на европски систем за акредитација на стручно образование во програмата „Еразмус+“

Автор:

Датум:

февруари 19, 2020

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

февруари 19, 2020

Категории:

Култура

Од 03.02.-05.02.2020 година наставници од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје училиште за средно стручно образование за ученици со оштетен слух беа во Парну, Естонија во рамки на проектот „ECVET for IT“.

Во проектот учествуваат училишта од пет држави во Европа, Естонија, Република Северна Македонија, Шведска, Холандија и Португалија. Главна цел на проектот е да обезбеди платформа за разбирање меѓу меѓу земјите учеснички, да се изработи ЕКВЕТ документација, како и акредитација на резултатите од учењето на учениците од областа на информатичката технологија (ИТ)што ќе допринесе да се зголеми мобилноста на учениците во средното стручно образование, во ИТ секторот.

Работните состаноци овозможија да се споделат искуствата за се што е досега изработено, да се закажат нови активности и да се подготват материјали кои ќе бидат презентирани на следната мобилност во Малме, Шведска. Во активностите учество земаа и други меѓународни координатори на проекти од училиштата – учеснички.

Мобилностаовозможи да се посетат четири водечки ИТ компании во Парну и Талин, главниот град на Естонија, со цел да се соберат информации за можностите за обука на работното место, профилот на студентите кои посетуваат практична работа и вештини кои ги стекнуваат потребни за пазарот на труд.

Сите трошоци за патување и сместување беа финансирани од Шведската национална агенција Еразмус +.