Димитар Џорлев од ООУ „Видое Подгорец“ освои златен медал на Јуниорската македонска математичка олимпијада

јуни 4, 2018

На Машинскиот факултет во Скопје, викендот, се одржа 22-та Јуниорска македонска математичка олимпијада на која учествуваа најдобрите математичари од неодамна одржаниот Државен натпревар по математика. Димитар Џорлев ученик од 9-то одделение од основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица го освои највисокиот златен медал и беше избран за член на македонскиот тим кој ќе учествува на претстојната Јуниорска балканска математичка олимпијада која што ќе се одржи на Родос, Република Грција од 19 до 24 јуни оваа година.

Инаку, Димитар оваа и изминатите години со голем успех учествуваше на голем број државни и меѓународни натпревари по предметите математика, информатика, физика, хемија и биологија и успешно го претставуваше училиштето „Видое Подгорец“ од Струмица освојувајќи ги највисоките први места и добивајќи повеќе златни, сребрени и бронзени медали.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ