Во време кога расте бројот на отворени факултети и бројот на академци со диплома во рака, се поставува прашањето колку тежи дипломата добиена од завршувањето на дисперзни студии? Дали високото образование во Македонија се сведува на квантитет, без притоа да се обрнува внимание на квалитетот?
Во врска со овие прашања разговаравме со неколку студенти.
„Зависи од факултетот, но во главно, предавањата се редовни. Не се соочуваме со толку голем проблем во врска со учењето теорија, туку недостигот на пракса. Голем дел од нештата кои се учат остануваат само како бледа теорија и поголем дел од нас се принуди вистинската работа да ја научат дури откако ќе се вработат, се разбира, ако имаат среќа да има некој кој сака правилно да ги упати.“ – И.А., 21
„Порано се добиваше 10-ка со многу голем труд и загреано столче. Сега 10-ки летаат на сите страни. Поради тоа имаме „интелектуална фела“ која не ги знае основните правила на стандардниот јазик.“ – Т.С. ,23
„Ме обесхрабрува помислата дека во денешно време секој може да заврши факултетот. Дипломата е иста кога се конкурира за работно место.“ – Р.Д. , 21