strumica denes logo

АЛАН БЕЈКЕР: Иловица-Штука ќе биде модерен рудник на можности што ќе вработи и обучи стотици на југоистокот

Автор:

Датум:

декември 14, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

декември 14, 2018

Категории:

Култура

Најголемата гринфилд инвестиција што ја очекуваме во Македонија, рудникот за бакар Иловица – Штука на Еуромакс Ресоурцес, од аспект на менаџирање на проектот и градбата е доверен на Алан Бејкер, заменик претседател на компанијата со над 50 години искуство во рударството.
Алан Бејкер e на позиција заменик претседател и менаџер на проект и градба во Еуромакс од август 2015 година. Зад себе има 35 години искуство на раководни позиции за развој на рударски проекти и оперативност, но и докажан успех во управување со проекти и изградба каде секогаш ги одржувал највисоките стандарди во областа на здравјето, безбедноста и заштитата на животната средина. Неговото искуство вклучува проектирање и изградба на проекти за подземно и површинско рударство, отворање на окна и работa со дигалки во затворени рудници, одржување на постројки за преработка на руда и инфраструктура на рудници. На возраст од 15 години почнал да работи како помошник за фирма која проектирала и и произведувала специјализирана опрема за индустријата за јаглен во Велика Британија. Оттаму на 30 годишна возраст ја напушта Велика Британија и патува и работи во рудници низ целиот свет – во Јужна Африка, Замбија, Гана, Казахстан, Турција, Романија и Колумбија. Пред три години, откако се приклучил на тимот на Еуромакс, се преселил да работи и живее во Струмица како раководител на проект и градба на проектот Иловица-Штука.

Рударската индустрија Ви овозможила да работите и живеете во многу држави. Последниве три години живеете во Струмица. Каков е за вас животот во Струмица?

Сум работел на многу места низ светот и тоа често пати значело дека треба да живеам на многу изолирани локации со минимални услови при сместувањето, но во други случаи тоа беше и можност да живеам во облакодер во центарот на некој голем град. Струмица е поразлична и од двете, таа ја нуди можноста секаде да се стигне многу брзо бидејќи нема густ сообраќај и растојанијата за патување се кратки, за разлика од проблемите кои ги имаат во големите градови. Движењето до канцеларијата и до теренот на рудникот е многу лесно, но и до сите локали и институции може да се стигне пешки. Градот е безбеден и тоа е дополнителна предност да се живее во Струмица.

Еуромакс најавува изградба на модерен рудник во Струмичко. Врз основа на вашето искуство, што всушност значи да се работи во модерен рудник?

Во проектите во кои бев вклучен во Јужна Америка, рударските компании ги едуцираа локалните заедници за опасностите од користење на застарени и примитивни методи во рударството и им покажувавме како работи еден модерен рудник. На еден од тие проекти, тогаш успеавме да преквалификуваме и да вработиме многу луѓе во рудникот каде бев ангажиран. Сите вработувања беа од локалната заедница и оние за кои немаше можности директно да се вработат, имаа можност да бидат ангажирани преку бизниси кои обезбедуваа услуги за потребите на рудникот. Исто така, формиравме центри за обука за ИТ и инженеринг за да го подигнеме нивото на знаење кај локалната работна сила, но со тоа им дадовме и шанса за вработување насекаде во регионот, на локално и на национално ниво. Тамошните регионални и национални институции за заштита на животната средина целосно ги поддржуваа нашите вложувања и тесно соработуваа со нас во поставувањето на стандардите и режимот за следење за да осигуриме дека сме усогласени со нивните национални прописи, но и оние на меѓународно ниво согласно барањата на нашите инвеститори.
Многу е јасно дека подобрувањето на условите за вработување, образованието и јавната свест ги покренуваат еколошките стандарди во областа близу рударските средини и на национално ниво, бидејќи индустријата и институциите работат заедно за да усвојат модерни техники.

Колкав рудник ќе биде Иловица-Штука во споредба со другите рудници во светот и колкаво ќе биде неговото производство?

За време на целиот животен век, Иловица-Штука годишно ќе произведува во просек 16.000 тони бакарен концентрат. Ова е прилично скромно производство во споредба со некои од големите рудници ширум светот и може да се смета како рудник со мал до среден обем кој ќе работи со низок процент, односно количината на метал што се содржи во карпата. Но проектот има предност во смисла дека има мал сооднос на количеството на руда вo однос на отпадот, добра инфраструктура, образована работна сила и долг животен век од 20 години.
Само за споредба, да добијат и вашите читатели претстава што се големи рудници кога зборуваме за нив, во Британска Колумбија која е голема рударска област има многу рудници со годишно производство од 32.000 тони до 140.000 тони бакар. На пример, во Бугарија има рудници кои произведуваат бакар 3 пати повеќе од Иловица-Штука.

Какви работни места ќе бидат потребни за време на изградбата и работењето на Иловица-Штука?

Проектот ќе обезбеди 1.000 директни вработувања за време на изградбата, а потоа 500 директни вработувања за време на работењето на рудникот и околу 2.700 индиректни работни места.
Позициите ќе бидат отворени во оддели за експлоатација, администрација и набавки, управување со постројки и хидројаловиште, здравје и заштита при работа, заштита на животна средина, односи со заедницата како и безбедност.
Еуромакс има стратешка определба за вработување на локалното население во проектот. Компанијата ќе организира серија Саеми за вработување и други настани од отворен тип за да објасни како потенцијалните вработени можат да аплицираат за работните места откако ќе ја добие потребната дозвола за експлоатација. Процесот на одбирање ќе се одвива со индивидуален пристап со цел на кандидатите да им се помогне да го најдат најдоброто работно место за себе. Еуромакс ќе обезбеди и сеопфатна обука за работните места во рамките на Проектот, директно или преку своите изведувачи. Стекнатите знаења и вештини ќе ја подобрат структурата на пазарот на трудот, а тоа ќе ги подобри расположливите потенцијали на регионот.

Што ќе се случи со вработените после затворањето на рудникот?

Работните позиции се различни, интердисциплинарни и речиси во сите случаи како и претходно спомнато ќе бидат засилени со дополнителни обуки и доусовршувања, кои компанијата ќе ги обезбедува со цел вработените да ги стекнат потребните вештини и знаење, што подоцна би можеле да ги применат и во некоја друга компанија. Во низата работни позиции на почетно ниво во еден рудник најчесто спаѓаат: возачи, магационери, техничари, оператори на багери и дупчалки, механичари, електричари заварувачи итн. Квалификуваните работни позиции најчесто опфаќаат: инжинери, геолози, хемичари, металурзи, лекари и медицински сестри, сметководители, административен персонал итн
Дополнително, затварањето на еден рудник е бавен и темелен процес од неколку години и самите рударски компании на своите вработени им нудат отпремнини со цел успешно да го надминат транзицискиот период за наоѓање нова работа, како и дополнителни обуки кои ќе им помогнат на вработените да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Еве само за пример – јас израснав во регион на рудници со јаглен во Обединетото Кралство, кои веќе не постојат. Но, знаењето што го стекнав таму ми помогна да вработувам во различни индустриски области бидејќи истите базични принципи се применуваат.
Обуките кои ги добив на почетокот на мојата работа ми овозможија да имам кариера од над 50 години и секогаш сум имал работа во текот на мојот работен век.

Дали добивате апликации за вработување? Дали локалните луѓе се заинтересирани да работат во рудникот Иловица-Штука?

Апсолутно. И покрај тоа што немаме отворен повик за вработување, ние многу често добиваме апликации. Во последните три години, имаме добиено повеќе од 1.000 апликации за вработување и има силен интерес кај жителите на селата и локалните општини, како и од градови како Пробиштип, Штип и Струмица. Ние немаме впечаток дека интересот е намален, напротив се зголемува.

Еуромакс објави отворен повик за изразување интерес од локалните компании. Кои се плановите на компанијата во врска со набавка на добра и услуги од Македонија и која би била улогата на локалните бизниси во развојот на рудникот?

Во оваа фаза, преку отворениот повик, Еуромакс Ресоурцес ќе ги регистрира потенцијалните компании со кои ние ќе соработуваме во идните активности од развојот на Проектот Иловица-Штука. Би сакал да потенцирам дека јавниот повик за изразување на интерес останува отворен и ние ги покануваме фирмите од локално и национално нива да го изразат својот интерес за Проектот и да аплицираат во канцелариите во Скопје и Струмица.
При набавката на добра и услуги за фазите на изградба и производство ќе се даде приоритет на македонски добавувачи и изведувачи секогаш кога тоа е можно. Набавката ќе се извршува во согласност со ригорозните политики и процедури на Еуромакс, кои ќе бидат составен дел при барање понуди за набавка на добра и услуги. Добавувачите и изведувачите, каде што е потребно, ќе им биде побарано да се преквалификуваат за да добиваат барања за понуди и за да учествуваат следствено на тендери, да осигураме дека ги задоволуваат меѓународните стандарди и да ја покажат својата посветеност и усогласеност со практики при здравје и безбедност при работа, човечки ресурси, финансии, технички способности, односи со заедницата и етички бизнис практики.

После двете години изградба на проектот, постојните операции кои се планирани да постојат во повеќе од 20 години, ќе имаат потреба од набавка на гориво, електрична енергија, експлозиви, реагенси и потрошни материјали за постројката на обработка и рудникот, логистичка поддршка за дистрибуирање на концентратот и достава на добра и опрема за рудникот.