strumica denes logo

A1ON.MK: Во Струмица се проценува дека има околу педесетина лица без лични документи

Автор:

Датум:

мај 31, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

мај 31, 2018

Категории:

Култура

Во Струмица има повеќе лица без лични документи во споредба со другите градови од Источна Македонија. Бројката тука се очекува да изнесува околу педесетина лица кои не се запишани во матичната книга на родените.

Ова беше соопштено на денешната средба на Локалната акциска група во рамки на проектот „Надвор од кругот-невидливи во општеството“ што се одржа во Струмица.

Според Шенај Османов, извршен директор на Здружението „За заштита на правата на Ромите“ од Штип заедно со надлежните инситуции ќе почнат да работат на терен за да ги изнајдат лицата без лични документи и да се извршат вонреден упис.

– Заедно со нашите асистенти ќе работиме на терен, односно од куќа на куќа, за да ги изнајдеме лицата без лична документација, кои дополнително ќе бидат спроведувани во Управата за водење на матичните книги, вели Шенај Османов.

Според него, нивната акција не се однесува само на Ромите, туку цел се сите лица кои не се запишани во матичната книга на родените.

ЦЕЛОСНАТА ВЕСТ МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ——– ЛИНК