Ве покануваме на промоција на ЕП-то „Tales from the land of Love“ – 2018 од Ставрде Ангелаков, а воедно и на се’уште необјавените материјали на новиот бенд „ДАКТИЛИ“ од Струмица. „Дактили“ е бенд оформен од неодамна од страна на музичарите Ставрде Ангелаков (гитара), Столе Велков (бас гитара) и Душко Манушев (тапани). Нивната идеа е да се свири авторска музика преку која тие самите сметаат дека тоа е одличен начин за тие самите да се изразат на начиот кои го имаат замислено.
Нивната цел и визија освен да се изразуваат слободно преку нивната музика е тоа да направат атмосфера во нашиот град во која сите креативци и уметници а особено помладите, би се чувствувале комфорно создавајќи свои дела преку кој би можеле да ја подигнат општата свест и самосвест креирајќи подобро општество, различно од она кое го живееме денес.
Затоа повелете утре (10.10.2018) во SUB CLUB со почеток од 22:00 часот и уживајте во уметноста на овие тројца млади и успешни креативци! Браво.