strumica denes logo

СВЕДОШТВО НА СТУМИЧАНЕЦ: НЕМАЛО МЕСТО ЗА НЕГО ВО АВТОБУС, А КОГА СЕ ПОЖАЛИЛ НАИШОЛ НА ПЦОВКИ И НАВРЕДИ

Автор:

Датум:

декември 1, 2018

Категории:

Култура, Хроника

Автор:

Датум:

декември 1, 2018

Категории:

Култура, Хроника

Во екот на интензивниот и засилен сообраќај, струмичанец се жали на несоодветен однос од автобуската компанија со која требало да патува. Имено, иако тој имал однапред купено билет, за него не останало место во преполниот автобус и не можел да тргне на посакуваната локација. Исто како него, без да тргнат останале уште 20 лица. Се жали на несоодветен однос од вработените во компанијата – наместо на извинување, наишол на пцовки и погрдни зборови. Во прилог, изјавата на читателот:

„Имав извадено карта на која пишуваше дека треба да тргнам во 17.00 часот. Кога стигнав на автобуска, немаше место каде да седнам, ниту место за мојот багаж. Исти како мене останаа околу 20 луѓе. Автобусот тргна во 17.25 без нас, иако сите имавме извадено карти. Не ни дозволија да влеземе во директната линија, ниту пак ни овозможија друго возило со директна линија. Нормално, како и секој друг човек, ќе се пожалишна билетара. Пристапив најкултурно, но за возврат добив пцовки, викање и погрдни зборови. Сметам дека треба да се преземе општествена одговорност-  прво, за тоа што не ми беше овозможено да си одам со директна линија, и второ, затоа што кон мене имаше крајно некултурен и нечовечки однос.“