Писмо до Редакцијата на Струмица Денес од наша струмичанка која живее и работи во Швајцарија:
Добарден Струмица Денес, сакам преку вашиот портал да известите како бевме третирани на македонската граница од страна на службите. Ние живееме и работиме во Швајцарија, но поради КОВИД-19 сме на принуден одмор. Во петок на 3 април не контактираа од амбасадата во Берн дека ако сакаме, може да си одиме на 4 април преку Бугарија. Тргнавме од Базел до Софија и се беше во ред се додека во 15:30 часот не стигнавме до границата. Таму не ставија во една тесна просторија со 20 луѓе внатре без да не прашат како ни е, дали ни треба вода или слично. Не заклучија и рекоа дека автобусот ќе дојде во 20:00 часот и ќе не носат во карантин. Автобусот дојде во 22:00 часот, а дотогаш седевме без струја во темно во закличена просторија.
Кога не качија во автобусот ни дадоа смоки, краосан и едно шишенце вода и во 22:30 часот тргнавме од границата и дури утрово во 06:00 часот пристигнавме во Охрид. Кога го прашавме шоферот каде ќе не носи, тој одговори дека ниту тој незнае, а кога побаравме да одиме во ВЦ тој ни рече „ете одете пред автобусот“. Тоа го нема никаде во светот, па дури и во Африка.
ФОТО: Интернет.