Единицата за економски криминал поднесе кривична пријава против 34-годишниот П.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“, против 25-годишниот К.К. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ и против 23-годишниот Д.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.
Првопријавениот П.Т., во својство на сопственик и управител на правно друштво од Босилово-Струмица и раководител на подружница – магацин за дрва во село Конопница, Крива Паланка, на 16.03.2017 година во шумско-стопанска единица „Ивање“ на второпријавениот, возач на товарно возило, му издал дозвола за превоз на огревно дрво-опожарен бор во количина од 11,20 кубни метри и во неа внел невистинити податоци, дека дрвната маса наводно се превезува истиот ден до придружницата. Третопријавениот Д.К., во својство на управител на правно лице од Охрид, иако знаел дека возилото не поседува лиценца за вршење јавен превоз, му го дал на второпријавениот да врши превоз на дрвени сортименти.