Полицијата открила 21 мигрант во два автомобили, вчера во близина на Струмица, и засилено ги бара двајцата возачи кои ги оставиле возилата и успеале да избегаат.
Според МВР, вчера околу 21.30 часот во струмичкот село Водоча, полицијата сопреле автомобили „пасат“ со скопски регистарски ознаки и „ауди А6“ со струмички регистарски ознаки.
Веднаш по запирањето на возилата, двајцата возачи излегле од возилата и избегале.
Полицијата во „пасатот“ открила 10 мигранти, а во „аудито“ имало 11 мигранти, сите од Авганистан, Пакистан и Ирак.