strumica denes logo

ЗАБРАНЕТА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО РИЧ, ПОПЧЕВО, БЕЛОТИНО И ВЕЉУСА – ОТКРИЕНИ БАКТЕРИИ И ФЕКАЛНО ЗАГАДУВАЊЕ

Автор:

Датум:

септември 18, 2026

Автор:

Датум:

септември 18, 2026

Општина Струмица ги известува жителите на населените места Рич, Попчево, Белотино и Вељуса дека се забранува употребата на водата за пиење од водоснабдителните објекти. Ова решение е донесено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на вонредниот инспекциски надзор, а при кој е констатирано отсуство на резидуален хлор и контаминација со бактерии – индикатори на фекално загадување.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Забраната се однесува на водата за пиење како и нејзината употреба како вода за пиење, суровина и вода којашто доаѓа во контакт со храна во објекти во кои се врши подготовка, послужување и промет на храна и во сите јавни установи
Се апелира до месното население да не ја користи водата за пиење се до ново известување за исправност на истата.