strumica denes logo

ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ВО СТРУМИЦА: ОДЗЕМЕНИ ДВЕ КОМБИ-ВОЗИЛА СО СТАРА БЕЛА ТЕХНИКА!

Автор:

Датум:

септември 10, 2026

Автор:

Датум:

септември 10, 2026

Општина Струмица повторно упати апел до граѓаните да не ја предаваат старата бела техника и другата отпадна електрична и електронска опрема на неовластени лица.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

И покрај претходните предупредувања, во изминатите неколку дена повторно биле регистрирани случаи на незаконско собирање, транспортирање и расклопување отпадна техника на несоодветни локации.

Општинските инспектори, во координација со СВР Струмица и Секторот за економски криминал, спровеле засилени контроли на терен. Притоа биле одземени две комби-возила натоварени со отпадна бела техника, затекнати кај лица за кои било утврдено дека немаат соодветно овластување.

Предметите и обезбедените докази биле предадени во СВР Струмица за натамошно постапување и поднесување соодветни поднесоци согласно законските прописи. Активностите се спроведуваат во координација и со надлежното јавно обвинителство.

Од Општина Струмица ги повикуваат граѓаните да не ја предаваат старата техника на неовластени собирачи, да не дозволуваат нејзино незаконско расклопување, да не ја палат и да не ја оставаат на јавни површини и несоодветни места.

Се нагласува дека старите машини за перење, фрижидери, шпорети, бојлери, телевизори и другите електрични уреди не претставуваат обичен отпад. Нивното правилно собирање, транспортирање и третирање е неопходно за да се спречат загадувањето на животната средина и незаконското издвојување и согорување материјали.

Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, а од Општината уште еднаш порачуваат:

„Не им ја давајте старата техника на неовластени лица. Отпадот не исчезнува кога ќе го дадеме некому – важно е каде и како ќе заврши.“