Општина Струмица ќе добие нови комунални возила во рамките на проект финансиран од Светска банка. Возилата наскоро ќе станат дел од возниот парк што се користи за одржување на чистотата во градот и населените места.
Новата механизација претставува конкретна поддршка за подобрување на комуналната хигиена, обезбедување поефикасни услуги за граѓаните и создавање почиста и поздрава животна средина.
Од Општина Струмица упатија благодарност до Владата и премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и разбирањето на потребите на локалните самоуправи.
Оттаму нагласија дека грижата за животната средина е заедничка обврска и дека само со одговорно однесување на институциите и граѓаните Струмица може да остане чист, уреден и убав град.



























