Со почетокот на новата учебна година, улиците повторно се исполнети со ученици, меѓу кои и многу првачиња кои за првпат самостојно се движат кон своите училишта.
До сите возачи се упатува силен апел да ја намалат брзината и да возат со зголемено внимание, особено во близина на училиштата, пешачките премини и во населените места. Децата можат ненадејно да излезат на коловозот, а само еден момент невнимание може да остави последици за цел живот.
Ниту една обврска и ниту едно доцнење не се поважни од човечкиот живот. Затоа, возачите треба да тргнат навреме, да не брзаат и постојано да внимаваат на најмалите учесници во сообраќајот.
Чувајте ги децата – некој ги чека дома!





















