Денес училишните дворови повторно се исполнија со детска смеа, возбуда и нови соништа. Им посакав тополо добредојде на нашите првачиња кои од денес започнуваат прекрасно патување исполнето со знаење, пријателства и незаборавни моменти.
„Додека траеше летниот распуст, како Општина посветено работевме на подобрување на условите во училиштата, со реконструкции, освежување на училниците и унапредување на спортските сали и училишните простори. Веруваме дека успехот на секое дете е заедничка одговорност. Затоа, со посветеноста на наставниците, поддршката од родителите и грижата на институциите, заедно создаваме подобра средина за нашите деца.“, објави градоначалникот Петар Јанков.
На сите ученици, наставници, родители и вработени во образованите институции им посакувам среќна, успешна и исполнета учебна година, објави Јанков!



























