strumica denes logo

ИГРАЈ ОДГОВОРНО: ДВЛМ СО НАЦИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ПОДДРШКА И ПРЕВЕНЦИЈА!

Автор:

Датум:

август 24, 2026

Автор:

Датум:

август 24, 2026

Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно“, континуирано ги унапредува активностите насочени кон превенција, рана интервенција и психо-социјална поддршка за лицата кои се соочуваат со проблематично играње игри на среќа.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Како дел од оваа посветеност, „Играј одговорно“ функционира преку мрежа на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, со што се обезбедува стручна поддршка за граѓаните и нивните семејства. Советувалиштето во Радовиш започна со работа во април годинава, дополнително проширувајќи ја мрежата и опфатот на оваа иницијатива.

Проектот „Играј одговорно“ се реализира од 2019 година, со јасна цел, навремена превенција, советување, поддршка и рехабилитација на лицата погодени од проблематично играње.

За Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, одговорното приредување игри на среќа не е само принцип, туку долгорочна определба и интегрален дел од корпоративната одговорност на компанијата. Затоа, континуирано инвестираме во едукација, превентивни програми, советување и механизми за поддршка, со посебен фокус на препознавањето и намалувањето на ризиците поврзани со проблематичното играње.

Со проширувањето на мрежата на советувалишта низ Македонија, ДВЛМ ја потврдува својата лидерска позиција во областа на одговорното играње и испраќа јасна порака: одговорноста е дел од начинот на кој компанијата работи, континуирано, системски и со грижа за заедницата.

ИГРАЈ ОДГОВОРНО. БИДИ ИНФОРМИРАН. ПОБАРАЈ ПОДДРШКА.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: