Времето за Нина Димитриевска истекува. Средствата потребни за нејзината операција мора да бидат уплатени најдоцна во рок од две недели, поради што нејзиното семејство повторно упатува итен апел до сите хумани граѓани, компании и организации да се вклучат и да помогнат.
Во моментов е собрана половина од потребната сума, но до остварувањето на целта недостигаат уште многу средства. Рокот е краток, а секој изгубен ден може дополнително да ја загрози здравствената состојба на Нина.
Доколку операцијата не биде извршена навреме, постои голем ризик да дојде до дополнителни оштетувања и нови здравствени проблеми. Последиците би можеле да доведат до потреба од нови операции, а дел од оштетувањата, не дај Боже, би можеле да бидат и трајни.
Семејството на Нина изразува неизмерна благодарност до сите хумани луѓе кои досега донирале, ги споделувале апелите и биле покрај нив во оваа тешка борба. Сепак, битката сè уште не е завршена и сега е потребна уште поголема мобилизација.
Се повикуваат сите општествено одговорни компании, здруженија, организации и хумани граѓани повторно да се обединат за Нина. Помошта може да биде преку директни донации, организирање хуманитарни настани и базари, како и преку споделување на апелот за тој да стигне до што поголем број луѓе.
Секој денар е важен, секое споделување може да донесе нова надеж, а секоја навремена помош може да направи огромна разлика.
На Нина ѝ остануваат само две недели. Да се обединиме и да ѝ помогнеме навреме – пред да биде предоцна!
ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИИ: 143 193 ТЕЛЕКОМ И 143 473 ВИП.
Донации може да се уплатат и на следните сметки:
Шпаркасе банка: 250500021369574
НЛБ банка: 210501724202015
IBAN: MK07250080008236959
SWIFT: INSBMK22





















