strumica denes logo

ОХРИД СО СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА 66. ИЗДАНИЕ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ – МЈУЗИКЛОТ „КАКО КАКАО“ НА ДОЛНИ САРАЈ

Автор:

Датум:

август 18, 2026

Автор:

Датум:

август 18, 2026

На 20 август, со почеток во 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид, свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За завршницата на фестивалот публиката ќе има можност да го проследи мјузиклот „Како какао“, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Со завршниот настан, Охрид ќе стави точка на уште едно богато фестивалско лето исполнето со уметност, музика, театар и врвни уметнички достигнувања.

Од 12 јули до 20 август, Охрид беше вистински културен центар, во кој на 48 фестивалски настани настапија повеќе од 700 уметници од 24 земји. Со својата програма, „Охридско лето“ и годинава ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјата и фестивал со препознатливо место на европската културна мапа.

И годинава, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со гордост го поддржа фестивалот, кој повеќе од шест децении ги обединува врвните уметнички имиња и ја чува и промовира културната традиција.

За Касинос Австрија Интернешанал Македонија, поддршката на „Охридско лето“ е многу повеќе од спонзорство. Таа е вложување во вредностите што го обликуваат едно општество, уметноста, културата, образованието и, секако, зачувувањето на традицијата.

„Охридско лето“ е пример дека културата создава трајни вредности, поврзува генерации и гради мостови меѓу различни култури. Токму затоа, поддршката на вакви настани е дел од определбата на Касинос Австрија Интернешанал Македонија да придонесува кон развојот и унапредувањето на културниот и општествениот живот.

На 20 август, под ѕвезденото охридско небо и на сцената на Долни Сарај, фестивалот ќе го заокружи своето 66. издание со „Како какао“ – спектакл кој ги обединува театарот, музиката и моќта на македонската уметничка мисла. Охридско лето продолжува да живее како традиција, како сцена и како вредност која ги поврзува Охрид, Македонија и светот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: