strumica denes logo

Целосно ќе се уредат дворот на параклисот и просторот околу кошаркарското игралиште во Владевци!

Автор:

Датум:

август 13, 2026

Автор:

Датум:

август 13, 2026

Дворот на параклисот и просторот околу кошаркарското игралиште во Владевци ќе добијат нов и современ изглед преку нивно целосно партерно уредување.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Предвидено е поплочување на дворот на параклисот, како и уредување на просторот околу кошаркарското игралиште. За најмладите жители ќе бидат поставени нови детски реквизити со гумена подлога, со што ќе се создадат побезбедни и подобри услови за игра.

Во дворот на параклисот ќе бидат поставени и нови клупи, како и друга урбана опрема, претворајќи го просторот во пријатно место за одмор, средби и дружење на жителите.

Благодарение на одличната локација и непосредната поврзаност, параклисот и игралиштето ќе формираат единствена, функционална и уредена целина, која ќе придонесе за поубав изглед на Владевци и ќе биде на гордост на неговите жители.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: