Струмичките земјоделци успеаја со протестите – откупот на „ајварката“ ќе биде 30 денари за килограм.
Постигнат е договор за пиперката – куртовска капија, откупната цена за пиперката која ќе се носи во преработувачките капацитети ќе биде 30 денари за килограм.
„Оние 25 денари за килограм пиперка што беа спорни на почетокот успеавме таа класа на пиперката да ја вметниме во прва-втора класа, тоа се 80 проценти од родот на земјоделците што припаѓа во таа класа. Добив уверување од откупувачите и преработувачите дека ќе го почитуваат договорот“, соопшти министерот за земјоделие Серафимовски од Струмица.
Целиот просец на откупот ќе биде контрилиран преку Државниот инспекторат за земјоделие.





















