Подземниот контејнер поставен на улицата „Братство и Единство“ е целосно уништен во пожар. Изгорени се внатрешниот сад и конструкцијата, поради што опремата е неупотреблива и ќе мора да биде заменета со нова.
Од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица посочуваат дека подземните контејнери се опрема со висока вредност, набавена со средства наменети за подобрување на комуналните услуги. Секое вакво оштетување создава дополнителни трошоци, кои наместо за набавка на нова опрема и унапредување на услугите, ќе мора да бидат насочени кон санирање на причинетата штета.
Од претпријатието апелираат граѓаните во садовите за отпад да не фрлаат жар, пепел, отпушоци и други запаливи материи. Пепелта и жарот можат да тлеат со часови и претставуваат една од најчестите причини за пожари и уништување на контејнерите.
Сомнителни или неодговорни постапки граѓаните можат да пријават на телефонскиот број 13-110. Подземниот контејнер поставен на улицата „Братство и Единство“ е целосно уништен во пожар. Изгорени се внатрешниот сад и конструкцијата, поради што опремата е неупотреблива и ќе мора да биде заменета со нова.
Од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица посочуваат дека подземните контејнери се опрема со висока вредност, набавена со средства наменети за подобрување на комуналните услуги. Секое вакво оштетување создава дополнителни трошоци, кои наместо за набавка на нова опрема и унапредување на услугите, ќе мора да бидат насочени кон санирање на причинетата штета.
Од претпријатието апелираат граѓаните во садовите за отпад да не фрлаат жар, пепел, отпушоци и други запаливи материи. Пепелта и жарот можат да тлеат со часови и претставуваат една од најчестите причини за пожари и уништување на контејнерите.
Сомнителни или неодговорни постапки граѓаните можат да пријават на телефонскиот број 13-110.





















