strumica denes logo

ЗАВРШИ КОНЗЕРВАЦИЈАТА НА КУЛАТА „ПИРГО КАЉ’НАТА“ ВО МОКРИЕВО – СЕ БАРААТ СТАРИ ФОТОГРАФИИ ЗА НЕЈЗИНА ВЕРОДОСТОЈНА РЕКОНСТРУКЦИЈА!

Автор:

Датум:

август 4, 2026

Автор:

Датум:

август 4, 2026

Успешно завршија конзерваторско-реставраторските работи на одбранбената кула „Пирго Каљ’ната“ во селото Мокриево. Со извршените зафати, кулата е стабилизирана, заштитена и зачувана како значаен дел од културното наследство на Струмичкиот Регион.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Од НУ Завод и музеј – Струмица информираат дека во изминатиот период бил изработен идеен проект за реконструкција на кулата. Со поддршка од Општина Ново Село, активностите продолжуваат со следната фаза, која предвидува изработка на основен проект за реконструкција.

За да биде изработено што поавтентично и поверодостојно решение, од институцијата упатуваат повик до граѓаните да помогнат со материјали и информации поврзани со изгледот и историјата на кулата.

Сите што поседуваат стари фотографии, разгледници, архивски материјали, цртежи или какви било информации поврзани со „Пирго Каљ’ната“ се повикуваат да ги споделат со надлежните лица.

Секоја фотографија и секоја информација може да бидат од големо значење за што поверодостојна реконструкција на овој значаен споменик на културата.

За повеќе информации и доставување материјали, граѓаните можат да се обратат на следниве телефонски броеви:
📞 д-р Трајче Нацев – 070 221 583
📞 д-р Душко Цветанов – 078 238 629
📞 м-р Симона Јованова – 070 214 064

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: