Христијан Ефтимов од Струмица е избран за член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката ја донел Извршниот комитет на партијата, по предлог на претседателот на УМС, Тодор Конески.
Ефтимов упати благодарност за укажаната доверба, истакнувајќи дека изборот за него претставува голема чест, но и сериозна одговорност.
Тој најави дека и во иднина ќе продолжи да работи посветено, одговорно и принципиелно, со цел да придонесе за уште посилна Унија на млади сили, за подобрување на положбата на младите и за напредокот на Македонија.
Според Ефтимов, преку заедништво, чесност, посветеност и искрена работа може да се создадат подобра иднина и повеќе можности за младите генерации. Тој порача дека ќе ја оправда укажаната доверба и ќе остане доследен на вредностите во кои верува.





















